logo
logo
logo

Музичарите бараат по 43 000 денари до крајот на месецов

Vecer | 06.03.2021

Музичарите бараат по 43 000 денари до крајот на месецов

Здружението ЗУПМ – Музика Сега, ќе одржи прес-конференција во вторник, но претходно информираат дека имаат свои барања до Владата, бидејќи музичарите се наоѓаат во крајно лоша и незавидна состојба поради актуелната забрана за настапи.

Со оглед на тоа што ние како фела, никако не може да се пронајдеме и не припаѓаме во 5-от пакет мерки (точка 11) и сме една од најпогодените гранки во државава, имаме забрана за дејност веќе безмалку 12 месеци и само една еднократна финансиска помош од 43.000 денари која беше доделена во декември, бараме од Владата да не обештети со сума еквивалентна на претходната дадена помош најдоцна до крајот на месецот март оваа година.

Ова наше барање не е некаков “хир”, туку реална надокнада, за што побезболно да ги покриеме основните режиски трошоци кои се за нас од основно егзистенцијално значење, наведуваат од ЗУМП.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk