logo
logo
logo

Муцунски: Прв фокус РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО АЕРОДРОМ

Vecer | 27.09.2021

Муцунски: Прв фокус РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО АЕРОДРОМ

„Мораме да инвестираме сериозно во образовниот процес во Македонија и социјална политика на некој начин. Што зборуваме прво? Создавање на нормални услови, прво да видите во какви тоалети одат нашите деца во основните училишта и во градинки. Потоа да зборуваме за дигитализација на содржините, ние зборуваме за обезбедување на таблет за секое дете во основно образование“, потенцираше Тимчо Муцунски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром во гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија.

Муцунски додаде дека не може да се зборува за фините работи, ако се нема темел.

„Нашата образовна инфраструктура нема темел во општина Аеродром. Затоа велиме прв фокус реконструкција на сите основни училишта и потоа навлегуваме во дигитализација, нови содржини, квалитетни услови и за функционирање и за содржинско работење во образованието“, рече Муцунски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk