logo
logo
logo

Муцунски: НАЦИОНАЛНИТЕ ПРЕДАВСТВА станаа ПРАКСА НА СДСМ И ДУИ

Vecer | 08.06.2021

Муцунски: НАЦИОНАЛНИТЕ ПРЕДАВСТВА станаа ПРАКСА НА СДСМ И ДУИ

Тимчо Муцунски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот протест на раскрсницата пред Градска Болница истакна дека бугарскиот министер за надворешни јасно даде до знаење дека Бугарија има конзистентни позиции, но дека позициите на македонската влада се непредвидливи и нетранспарентни.

- Потребно е граѓаните да знаат за што се преговара, политичката демагогија и флоскулите дека не се преговара за идентитетот и дека не се преговара за историјата  или прашањата поврзани со националните малцинства, или прашањата поврзани со јазикот  сме ги слушале и претходно. Слушавме дека нема да се преземат такви чекори во надворешната политика, но праксата на владата на СДСМ и ДУИ, посебно во тој однос е попустливост и откажување од тоа што се јавни декларирани заложби пред граѓаните на Република Македонија, вели Муцунски.

Тој додаде дека доколку т.н. патоказ инкорпорира позиции кои се прифатливи за нашите граѓани, доколку тој не ги инкорпорира позициите на декларацијата од бугарското Собрание, тогаш веројатно не би требало да има страв од владата да каже за што точно се преговара во овој процес.

- ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на граѓаните и политички субјекти повикува на одговорност, на се поголема национална свест и да не се дозволи ново национално понижување кое стана пракса. Живееме во држава која е една од најкорумпираните во светот и дефинитивно најкорумпирана во Европа, живееме во држава каде граѓаните секој месец се се посиромашни и држава која е сведок на национални понижувања. Затоа е овој протест, не само во Скопје туку и во други градови ширум Македонија, и во таа насока ќе продолжиме и следните денови, нагласи Муцунски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk