logo
logo
logo

Муцунски: Граѓаните добиваат нов и реконструиран булевар, проект кој се реализираше со сериозна поддршка и одговорност на општински служби во Аеродром

Vecer | 26.03.2023

Муцунски: Граѓаните добиваат нов и реконструиран булевар, проект кој се реализираше со сериозна поддршка и одговорност на општински служби во Аеродром

Наскоро треба да финализира една важна инвестиција во Аеродром која се одвива повеќе од две години. Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна објави дека наскоро се очекува да заврши реализацијата на овој проект кој се реализира со сериозна поддршка и одговорност на општинските служби и потенцираше дека обврска на носителите на јавните функции е да ги исполнуваат проектите ветени пред граѓаните, но и да ги реализираат инвестиции кои се важни за граѓаните.

„Граѓаните на Аеродром и скопјани добиваат нов, модерен и реконструиран булевар „Васко Карангелевски“, проект кој се реализира со средства на градот Скопје, но со сериозна поддршка, високо ниво на одговорност и соработка на општинските служби во Аеродром. Во општина Аеродром нема чекање за одговор на барање, нема одолговлекување на предмети и постапки и нема и не смее да има опструкција на барањата кои се доставени од другите општини, вклучително и градската администрација на Градот Скопје. Ние сме различни во одговорноста и во исполнување не ветувањата кои ги даваме пред граѓаните“, напиша градоначалникот Муцунски во својата објава.

Овој проект сериозно ќе го подобри сообраќајот во општината, но и ќе влијае на подигнување на безбедноста во Аеродром.

„Се радувам за сите нови инвестиции во Аеродром и верувам дека крајното сообраќајно решение ќе биде добра причина граѓаните да заборават на проблемите кои произлегоа од рекордно долгата реализација на овој проект“, заклучи Муцунски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk