logo
logo
logo

Муцунски: Додека власта се занимава со византиски игри, Македонија се задолжи за нови 700 милиони евра

Vecer | 03.03.2021

Муцунски: Додека власта се занимава со византиски игри, Македонија се задолжи за нови 700 милиони евра

Пратеникот од редовите на ВМРО -ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денес во своето гостување на телевизија Сител истакна дека денес пет часа во Собранието премиерот Заев се занимавал со византиски игри наместо со проблемите на граѓаните.

„Денес во Собранието бевме сведоци на четири пет часовни византиски игри на кои што на крајот премиерот Заев докажа дека го има мнозинството коешто го има од месец август. Гледаме сега некој триумфализам.

За мене искрено да ви кажам триумфализам ќе беше денес премиерот да дојдеше пред пратениците и да кажеше дека се обезбедени 100 000 вакцини да дојдеше да кажеше дека има нов пакет на економски мерки кои што ќе спасат работни места кои што ќе спасат компании кои што се на раб на ликвидност“ истакна Муцунски

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека додека власта се занимава со византиски игри Македонија се задолжува со нови 700 милиони евра.

„Триумфализам не е фактот што денес Македонија се задолжува со нови 700 милиони евра и сега ние ако сакаме денешните случувања да ги претставиме како некој триумфален настан повторно заглавуваме во тоа што е ноторен проблем во оваа држава 30 години. Ние не се занимаваме со политики не се занимаваме со решенија на проблемите на граѓаните кои што посебно Македонија ја мачат од гледна точка на здравство економска и социјална политика туку што правевме денес пет часа собранието се занимаваше со дневна политика“ нагласи Муцунски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk