logo
logo
logo

Муареми: Доколку Русковска располага со сознанија и информации нека поднесе обвинител акт

Vecer | 04.08.2022

Муареми: Доколку Русковска располага со сознанија и информации нека поднесе обвинител акт

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми ја повикува јавната обвинителка Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал, да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против него, а не празни и, како што вели, неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува. Во пишана реакација до медиумите на изнесените ставови на Русковска, Муареми, посочува дека негонење на кримал поради притисоци претставува кривично дело. – Се придружувам и јас кон вашиот повик до амбасадите и сите страни на кои се повикувате за “помош“- нека го потврдат и тие она што Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го утврди со надзорор над вашето незаконско работење и неетичко постапување. Одговорност за вашето самоволие мора да има, вели Муареми. Улогата на еден јавен обвинител, посочува Муареми, најмалку од се’ е да изјавува дека ќе сподели сознанија и информациии со јавноста за таа да суди кој е криминалец. – Обвинителката Русковска како намерно да заборава дека криминалот се докажува во рамки на институциите, а граѓаните се тие кои им укажуваат доверба врз основа на нивната работа. Обвинителке, ако се земат последните анкети во предвид, довербата на јавноста и не ви е многу наклонета, стои во пишаната реакција на Муареми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk