МТСП доби награда ,,Поддржувач на годината’’ во борбата против хомофобија, бифобија и трансфобија

Министерството за труд и социјална политика оваа година ја доби наградата „Поддржувач на годината“ од страна на Субверзивен фронт, во рамките на Националната конференција „Како до интегриран пристап до услуги на здравствена и социјална заштита за ЛГБТ луѓе“.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се заблагодари за наградата и истакна дека МТСП работи на целосна реформа на системот на социјална заштита кој ќе ги подобри услугите и ќе овозможи еднаков пристап до нив, без никаква дискриминација.

На конференцијата се констатира дека се’ уште се потребни значителни напори за спротивставување на нетолеранцијата кон ЛГБТ заедницата. Во таа насока се менува Законот за спречување и заштита од дискриминација. Сексуалната ориентација и родов идентитет се вметнати како посебни основи за дискриминација, нешто што беше избегнато во Законот донесен во 2010 година. Исто така, планирано е носење и на Стратегија за надминување на хомофобијата и трансфобијата.

Конференцијата се одржува по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против хомофобија, бифобија и трансфобија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари