Министерството за труд и социјална политика соопшти дека најостро ја демантира изјавата на Сојузот на Синдикати на Македонија во која тврди дека усогласувањето на минималната плата ќе се одложи за наредната година.

Од МТСП додаваат дека усогласувањето на минималната плата ќе се направи во согласност со Законот за минимална плата и предвидените критериуми, најдоцна до оваа среда, 31 март 2021 година.

За таа цел наредната недела ќе се одржи и седница на Економско социјалниот совет.

„ Министерката Јагода Шахпаска за ниту еден медиум и во ниту една прилика не дала изјава дека ќе биде одложено усогласувањето на минималната плата. Тоа е законска обврска која целосно ќе биде спроведена.

Во однос на примената на измените на Законот за работни односи во делот на недела – неработен ден, ставот на Владата е дека законските измени ќе почнат да се применуваат по завршувањето на здравствената и економската криза предизвикана од пандемијата Ковид-19.

makfax.com.mk