ЗА УСТАВНОТО ИМЕ НА МАКЕДОНИЈА

МПЦ не прифаќа никакви отстапки

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква на вчерашната седница изрази остра реакција на притисоците од страна на Грција за измени на уставното име на Република Македонија. "Македонската православна црква со својата ерархија и верниците во земјава и дијаспората не се согласува со никакви отстапки од уставното име на Република Македонија", се вели во соопштението на МПЦ. На вчерашната редовна седница на Светиот атрхиерејски синод беше разгледано кадровското прашање во високиот клир на Црквата, при што од списокот за можни кандидати за идни архиереи беа впишани архимандритот Климент Божиновски, постдипломец на Факултетот "Свети Сергеј" во Париз и архимандритот Пимен Илиевски, постдипломец на истиот Факултет.

Поврзани

Најнови вести

Коментари