logo
logo
logo

Села

„Можно НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО ПО ИЗБОРИТЕ, СДСМ и ДУИ губат легитимитет“

Vecer | 13.10.2021

„Можно НОВО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО ПО ИЗБОРИТЕ, СДСМ и ДУИ губат легитимитет“

После локалните избори можно е ново парламентарно мнозинство. Ова го најави претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во рамки на изборната дебата во „Економски магазин“ на Алсат телевизија.

Според него, после 17-ти октомври, СДСМ и ДУИ ќе го загубат легитимитетот од граѓаните.

-Ново парламентарно мнозинство по изборите е можно, затоа што СДСМ и ДУИ ги губат изборите и со тоа губат секаков морален кредибилитет да продолжат да владеат со народот. Од нив власта ќе биде одземена со глас, на денот на локалните избори. И секако дека очекувањата на опозицијата се да има нова Влада, рече тој.

Села најавите на премиерот Зоран Заев за проширување на парламентарното мнозинство и евентуално отцепување на Алтернатива од коалицијата, ги опиша како страв на премиерот од губење на власта.

-Тој за да спречи празнење на владиниот базен, се обидува да каже дека ќе го полни уште повеќе. Јас не можам да зборувам за другите. Апсолутно јас немам право да зборувам во име на некој претседател на друга партија. Со Алтернатива ние имаме коалиција и никого не сме земале во заложништво, истакна Села.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk