logo
logo
logo

Зоран Заев:

МОЖНИ СЕ ВИКЕНД КАРАНТИНИ, ако не паднат бројките

Vecer | 09.03.2021

МОЖНИ СЕ ВИКЕНД КАРАНТИНИ, ако не паднат бројките

Владата денеска одлучи во следните две недели да воведе полициски час, односно забрана за движење од 22 часот до 5 наутро. Премиерот Заев исто така изјави дека не е исклучена можноста и за викенд карантини.

На прашањето дали има логика полицискиот час да се воведе од 22 часот иако претходно угоститлските објекти се преполни, тој изјави дека е логично заради тоа што во земјите како што се Австрија Бугарија, Хрватска, Словенија, Германија, Британија Швајцарија имало затворање на ресотраните, а бројките растеле.

- Во кафаните има ред и поредок како треба да седат граѓаните, а дали се спроведува тоа треба самите институции да го казнуваат, односно и да го спроведуваат самите организатори на угостителските објекти без разлика дали се тоа кафетерии, ресторани, хотели или слично, рече Заев.

Тој вели дека ако ги затворите, граѓаните се собираат пред објектот, во паркот, на Водно, пред колективната зграда, на плоштадот, на скверовите, насекаде и затоа треба барем после 10 буквално сите си седиме дома.

- Така што апсолутно мерката е издржана. Понатаму не се исклучуваат можностите за цели викенди, за цели денови и слично, ако не паднат бројките, од нас зависи, дали ќе се придржуваме на мерките да носиме маска, да избегнуваме групирање. Сериозна е работата, претседател на влада сум, не смееме да си играме играчки, животи се губат, изјави Заев

Според него нема поголем национален интерес од здравјето на граѓаните и треба да помогнеме за да не се продолжи со уште построги мерки кога доаѓа пролетта.

- Да помогнеме сите овие мерки да останат само овие две седмици, за да нема причина да одиме на поригорозни мерки“, кажа Заев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk