logo
logo
logo

МОЖНА КОАЛИЦИЈА НА ДУИ СО СДСМ на локални, вели Ахмети

Vecer | 07.06.2021

МОЖНА КОАЛИЦИЈА НА ДУИ СО СДСМ на локални, вели Ахмети

Мислам дека нашата коалиција со СДСМ добро функционира последните 4 години, односно од кога ја формиравме Владата со нив. Да, вреди да се размисли за можна коалиција, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за ТВ21 зборувајќи за локалните избори.

На прашање на ТВ21, дали ДУИ ќе настапи сама, или во коалиција со СДСМ на локалните избори, Ахмети одговори дека соработката меѓу двете партии е одлична, и дека треба да се размисли за коалиција на престојните локални избори.

- Не знам, треба да видиме какви се интересите. Да видиме кои се интересите на граѓаните, кои се интересите на нашите партии ДУИ и СДСМ. Јас мислам дека нашата коалиција со СДСМ добро функционира последните 4 години, односно од кога ја формиравме Владата со нив. Да, вреди да се размисли за можна коалиција. Но, без разлика дали ќе има коалиција или не, ние ќе настапиме со наши листи за советници, рече Ахмети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk