logo
logo
logo

Моторџија удрил во паркирани возила и ТЕШКО се повредил

Vecer | 01.05.2021

Моторџија удрил во паркирани возила и ТЕШКО се повредил

Вчера вечер десетина минути по почетокот на полицискиот час било пријавено дека во Скопје, на ул.„Никола Киров Мајски“, мотоцикл „јамаха“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(40) од Скопје, удрил во две паркирани патнички возила „сеат алтеа“.

Двете возила биле со скопски регистарски ознаки, едното сопственост на Д.Ѓ.(35) од Скопје, а другото сопственост на Г.С.(42) од Скопје. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk