logo
logo
logo

МОН: Во ниту еден случај нема да дозволиме било кој ученик да остане без учебник

Vecer | 22.04.2021

МОН: Во ниту еден случај нема да дозволиме било кој ученик да остане без учебник


Министерството за образование и наука реагира на прес конференцијата на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.

Од ова министерство  потенцираат дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ  продолжува со изнесување на невистини поврзани со промените во образовниот систем кои многу одамна, како што посочуваат од министерството вклучително и во времето кога оваа политичка партија раководеше со институциите на системот требаше да се случат.

„Во интерес на објективното информирање на јавноста, би сакале да потсетиме дека согласно транспарентноста на целиот процес на реформи и најавите, од следната учебна година се воведува комбиниран модел на примена на материјалите за учење, што подразбира употреба и на печатени и на дигитални учебници. За учениците од прво до трето одделение и натаму ќе се обезбедуваат печатени учебници, бидејќи тоа е период во кој треба да се развие однос кон на детето кон книгата. Додека за учениците од четврто и погорните одделенија прва опција ќе бидат дигиталните учебници, имајќи предвид дека кај нив веќе се развиени вештините за примена на ИТ технологија и електронски алатки“, напоменуваат од МОН.

Од ресорното министерство нагласуваат дека  доколку по нивна волја, учениците се изјаснат дека сакаат наставата да ја следат од печатен учебник, тоа ќе биде овозможено од училиштето. Доколку пак, сакаат но немаат можност за користење на дигиталните учебници, училиштата ќе бидат должни да им дадат на времено користење ИТ уред, за што веќе се прават планови и подготовки секое училиште се опреми библиотека со соодветен број на таблет компјутери.

„Министерството за образование и наука во ниту еден случај нема да дозволи било кој ученик да остане без учебник независно дали е тоа електронски или печатен. Образованието е загарантирано право на секој ученик и ние тоа го обезбедуваме и го надградуваме“, потенцираат од министерството за образование.

Од таму упатија апел до политичките партии наместо непотребно трошење време и ресурси за одржување прес конференции и изнесување лаги и манипулации, тие да престанат да ја мешаат политиката во образованието заради остварувње на дневно политички агенди и поени, или да дадат поддршка на промените кои ќе се случат и да учествуваат во нивната имплементација и постигнување на ефектите кои ќе значат фаќање чекор со современиот образовен свет, сугерираат од МОН.

 


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk