logo
logo
logo

МОН: Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата, тоа е спротивно на Уставот и законите

Vecer | 12.06.2021

МОН: Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата, тоа е спротивно на Уставот и законите

Училиштата не смеат да наплаќаат такси за издавање на свидетелствата и тоа им го укажавме со допис уште пред крајот на учебната година,  соопшти Министерството за образование и наука како одговор на реакцијата од Сојузот на средношколци дека некои училишта наплаќаат за свидетелствата и допломите за завршено средно образование.

МОН посочува дека педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од Бирото за развој на образование при што секое училиште добива дополнителни 5 отсто во случај на грешки и слично.

„Потсетуваме дека согласно Уставот на Република Северна Македонија, како и член 3 од Законот за основно образование, и член 3 од Законот за средно образование, секое дете има право на бесплатно и квалитетно образование“, истакнува МОН и додава дека се работи за изолирани случаи во неколку училишта и дека за тие случаи ќе постапи Државниот просветен инспекторат

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk