logo
logo
logo

МОН: исплатени се ученичките и студентските стипендии за април

Vecer | 02.04.2021

МОН: исплатени се ученичките и студентските стипендии за април

Согласно новиот начин и динамика на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии воспоставен на почетокот на тековната календарска година, Министерството за образование и наука информира дека денес е извршена исплата на средствата за месец април на сите корисници на стипендија.

„Исплатен е износ од речиси 32 милиони денари на вкупно 9.047 корисници на сите видови стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Северна Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг листа“, соопшти МОН.

Од таму велат дека оваа воспоставена динамика на редовна месечна исплата на стипендиите ќе продолжи да се реализира и понатаму, а тоа е многу важно за оние кои ги исполниле условите и го оствариле правото.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk