logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

„Модуларната во Скопје прокисна, ВО ТЕТОВО ИЗГОРЕ, ФИЛИПЧЕ МУВА НЕ ГО ЛАЗИ“

Vecer | 20.10.2021

„Модуларната во Скопје прокисна, ВО ТЕТОВО ИЗГОРЕ, ФИЛИПЧЕ МУВА НЕ ГО ЛАЗИ“

Модуларната болница пред Инфективната клиника е под клуч.  Модуларната во Скопје прокиснува.  На почетокот на септември модуларната болница во Тетово изгоре, изгореа и 13 лица кои таму требаше да бидат излечени. Но, за ова одговорност се уште нема иако изминува и вториот месец, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Тие посочуваат дека зошто прокиснува и модуларната во Скопје во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза, исто не се знае, ниту се најавува дека ќе се расчисти, односно истражи.

- Местата на кои пациентите бараа или бараат спас станаа хорор.  Бројката на починати од корона е речиси седум илјади.  Но, министерот за здравство Венко Филипче наместо да се го работи тоа за што е платен од граѓаните си тераше или се уште тера кампања. Филипче за граѓаните, за случувањата во здравството воопшто не му е гајле, мува не го лази.  Ова однесување ќе биде казнето, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk