МНР потврди: Двајца Македонци загинаа во сообраќајката во Србија

Министерството за надворешни работи потврди дека во двете страшни верижни несреќи, што се случија на автопатот Белград-Ниш во двата правца, загинаа двајца Македонци.

„Во моментов имаме телефонска потврда од полицијата во Јагодине дека за жал, двајца македонски граѓани загинале во сообраќајната несреќа. Како што е вообичаената процедура, ние не ги соопштуваме имињата на загинатите, само потврдуваме дека се случило“ соопшти МНР.

Повеќе од 35 лица беа повредени во страшен верижен судир, а повеќе од 40 возила беа оштетени.
Некои од возилата се целосно уништени, до непрепознатливост.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари