logo
logo
logo

МНР ќе се погрижи за транспортот на посмртните останки на Маја

Vecer | 05.12.2022

МНР ќе се погрижи за транспортот на посмртните останки на Маја

Македонското Министерство за надворешни работи попладнево информираше дека веднаш по по добиените информации за почината Маја Јанеска во Јужноафриканската Република, преку надлежната Амбасадата во Каиро, стапило во контакт со надлежните органи на земјата, од каде добиле потврда за трагичниот настан.

-Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, информираат денеска од МНР.

Маја Јанеска беше пронајдена мртва во нејзината куќа со прострелна рана во главата. Како што претходно објави Фактор, повикувајќи се на тамошните медиуми, полицијата го истражува случајот, иако во оваа фаза не го сметат за сомнителен.

Сепак пријателите на Маја велат дека таква жена, амбицизна и полна со живот никогаш не би кренала рака на себе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk