logo
logo
logo

Мизрахи: Заев се дрзна да зборува за правна држава, а „ФРИДОМ ХАУС“ НЕ ДЕФИНИРА КАКО ХИБРИДЕН РЕЖИМ

Vecer | 28.04.2021

Мизрахи: Заев се дрзна да зборува за правна држава, а „ФРИДОМ ХАУС“ НЕ ДЕФИНИРА КАКО ХИБРИДЕН РЕЖИМ

Кога има хибриден режим нема демократија. Ние имаме лоша оценка за политичка култура. Власт значи парламентарно мнозинство, и поредокот во државата се креира од власта. Опозицијата не може да креира ваква атмосфера за каква зборува власта, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи за „Само вистина“  на Канал 5

Говорејќи за работата на Собранието, таа посочи дека треба да се работи стриктно според правните норми.

- Во Собранието дојдоа двајца позитивни пратеници, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ ги бараше протоколите, претседателот на Собранието не сакаше да ги достави. Левица бараше и доби протоколи во кои гледаме дека се изработени од генералниот секретар. Здравствен протокол изработува генерален секретар на Собрание и плејада луѓе. А и не зборуваат за позитивни ковид, затоа следеа кривични пријави. Со ова Собранието стана циркузијата, кажа Мизрахи.

Таа вели дека правната држава требаше да дојде на крилјата на СЈО, лидерот на СДСМ е аболициран криминалец, ни се случи Ден Дончев, а Транспаренси вели дека сме на 111 место, извештајот на Стејт Департмент осудува корупција.

- Премиерот се дрзна да зборува за извештајот на Фридом хаус и да збори за правна држава, а таму ние сме дефинирани како хибриден режим. За која правна држава зборува Заев, посочи Рашела Мизрахи.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk