logo
logo
logo

Мизрахи: Ова е тоталитарна држава, во која пи-ар стратезите продаваат нешто што не е реално

Vecer | 06.04.2021

Мизрахи: Ова е тоталитарна држава, во која пи-ар стратезите продаваат нешто што не е реално

-Соседна држава го вакцинира нашето население, нашите даночни обврзници. Ова е тотално фијаско. Ние сите плаќаме здравствено осигурување за да Министерството за здравство ни ги овозможи сите услови за вакцинација и за медикаментозна поддршка доколку тоа е потребно. А не сега граѓаните да мислат кај кој лихвар да одат да се задолжат по 10 или 12 илјади евра за да одат по приватни болници. На 4 милијарди буџет, кој е најголем во историјата на Македонија власта не можеше да се подготви и да се справи со пандемијата, Истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи во денешното издание на “Што не е јасно” на Алфа телевизија.

Затоа Македонија истакна Мизрахи, ќе доживее не само здравствена, туку и економска и финансиска криза наскоро. Која што ни една пи-ар стратегија не ќе може да ја реши.

-Ова е тоталитарна држава, во која пи-ар стратезите продаваат нешто што не е реално, не функционира. И тоа не доведе до ваква смртност и ваква катаклизма. Станува збор за пи-ар режим, децидна е Мизрахи.

Според Мизрахи, поради тој тоталиризам, криминал и нефункционирањето на правосудниот систем Македонија е заглавена во лавиринтите пре вратите на ЕУ.

-Не можете да камуфлирате трули ногарки на една маса и да ставите чаршафче и да речете оваа маса е спремна за ЕУ. Апсолутно тоа нема да се случи. Никој нема да дојде од Брисел за да ни ги реши нашите проблеми дома, рече Мизрахи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk