logo
logo
logo

Мицкоски: Заев и стратезите на СДСМ да прецизираат кој е зло во државата

Vecer | 20.10.2021

Мицкоски: Заев и стратезите на СДСМ да прецизираат кој е зло во државата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека премиерот Заев најави обединување против злото, и дали може да се очекува дека ќе има зголемени закани, поткуп и уцени во пресрет на вториот круг, истакна дека стратезите за комуникации на СДСМ треба да прецизираат кон кого е наменета изјавата и кој е зло во државата.

„Навистина не знам најпрвин дефиницијата за зло кон кога е наменета и кој е зло во државава, треба претпоставувам да биде таа метафора малку појасна за да не ги збуни гласачите коишто сакаат да гласаат за СДСМ, бидејќи вака се збунети и не знаат кој е зло во државата, јас нема да преудицирам и да ги читам мислите на стратезите за комуникација со јавноста на СДСМ, но нив ќе ги прашате најпрвин кој е злото во државата, да излезат со јасен став, вака делува збунувачки за граѓаните. Дали имало поткуп и нерегуларности, ние кажавме бројни поткупи, бројни нерегуларности, притисоци, закани, уцени, но во најголем дел од општините тие не успеаја бидејќи народот излезе и народот гласаше против оваа регресивна политика во изминатиот период, против криминалот, корупцијата, поразите во здравството образованието, политичарите коишто буквално со својата надменост создаваа еден вид фрустрација и ги иритираа граѓаните“, нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна и дека големата поддршка во првиот круг го обврзува и него како човек и тие кои се избрани да работаат за граѓаните и не смеат да го разочараат народот.

„Ние имаме голема обврска, ваква поддршка уште во првиот круг за опозицијата е историски незапаметена, 22 градоначалника во првиот круг со огромна шанса таа бројка да достигне и до 50. Ова обврзува, и мене како човек и тие коишто се избрани, и не смееме овој пат да го разочараме народот. Без разлика каква е стратешката комуникација на СДСМ, и на нив и на народот им е јасно дека и вториот круг за нив нема да биде онака како што тие очекуваат. Ние веќе размислуваме за денот потоа. Ние веќе размислуваме за следната цел, а тоа е да направиме од Македонија она што го зборувам, пристојно место за живеење. Ние го почнуваме проектот обнова на Македонија и тоа е сега веќе нашата цел, јас сум свесен за тоа што го чека нашиот политички противник, внатре во нивната структура веднаш по овие избори, но верувајте, нашата концентрација е целосно концентрирана на денот по 31 октомври. Мораме на народот да му ја вратиме вербата. Мораме народот да го охрабриме, народот ни е обесхрабрен и разочаран, мораме да го убедиме народот дека можело и поинаку и дека можело да се работи за народот. Одговорот на избори за поткуп, притисоци, закани, уцени е само со масовна излезност“, заклучи Мицкоски.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk