-Овде во Кавадарци навистина градоначалникот Јанчев прави исклучително големи работи, еве овој капитален проект донација како што бев информиран од 2 и пол милиони евра и е значаен за Кавадарци и кавадарчани, бидејќи не само во делот на безбедноста, туку и прифаќањето и наведувањето на атмосферските води ќе помогне со овој проект и нема да се случуваат онакви порои и немили настани како што се случувале во минатото, рече Мицкоски.Мицкоски додаде дека по формирањето на новата влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ ќе реализираме уште повеќе проекти за кавадарчани и за жителите овде во Тиквешијата.
-Но, не е само овој проект, многу проекти се случуваат овде во Кавадарци, а јас очекувам дека така ќе продолжиме уште позасилено периодот што следи, а по формирањето на новата влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ ќе реализираме уште повеќе проекти за кавадарчани и за жителите овде во Тиквешијата, додаде тој.Така што задоволството е големо и јас секаде онаму каде што треба да имаме отчет пред граѓаните за тоа што сме го сработиле сме тука и сме секогаш на располагање, рече Мицкоски.