logo
logo
logo

Мицкоски од Центар: По 8 години власт на СДСМ, имаме супер интензивна бетонизација, нема нови паркови и има сообраќаен хаос

Vecer | 20.10.2021

Мицкоски од Центар: По 8 години власт на СДСМ, имаме супер интензивна бетонизација, нема нови паркови и има сообраќаен хаос

На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар, претседателот Христијан Мицкоски истакна дека СДСМ е на власт во Центар цели осум години, ветуваа мораториум за градење, паркови и решавање на сообраќајниот хаос, а она што центарци го добија е интензивна бетонизација и нула зеленило.

„Овде СДСМ е на власт 8 години. Пред да дојдат на власт ветуваа мораториум на градењето, нови паркови и решавање на сообраќајниот хаос. По 8 години власт на СДСМ, имаме супер интензивна бетонизација, немаме нови паркови и имаме сообраќаен хаос како никогаш порано. Без оглед кој е градоначалник од СДСМ, овие 8 години однесувањето им остана исто. Знаете ли каде е вистинскиот проблем со бетонизацијата и урбаната мафија? Затоа што постои пакт на криминалците со пари и нивните луѓе во политиката. Тој пакт раѓа бетон, кој за граѓаните значи ограничување на нивната слобода, а за овие другите значи пари“, рече Мицкоски.

Мицкоски увери дека тој и луѓето околу него никому не му должат и не прават пактови со криминалците.

„Му должиме само на народот, кој мора да знае дека нема да дозволиме бетон, кој ќе им ги ограничува и одзема нивната слобода и нормалниот живот“, вели Мицкоски.

Тој посочи граѓаните на Центар да ги поддржат професорката Наташа Котлар и Данела Арсовска за Скопје, дами кои ќе обезбедат развој на општината и големи промени во градот Скопје.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk