logo
logo
logo

Мицкоски: Не ни треба Европа ако треба да се асимилираме

Vecer | 02.07.2022

Мицкоски: Не ни треба Европа ако треба да се асимилираме

Денеска Македонија се буди и сите оние кои сакаат со потпис за ден – два од денеска да стават крај на Македонија, тоа нема да им го заборави македонскиот народ и македонските граѓани. Нас не ни треба Европа, ако треба да се асимилираме, е пораката што ја упати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва пред почетокот на сенародниот протест „Ултиматум – Не благодарам“. – Јас не сакам да бидам во Европа затоа што имам право да бидам Македонец, кој говори на македонски јазик и кој се бори за својата Македонија, за својот идентитет, за својата култура, за својата историја и за совоето наследство. Тоа е она што сакам денеска да го порачам, а тоа го порачуваат и овие десетици илјади граѓани, за неколку недели од оној грандиоизен настан од 18 јуни, изјави Мицкоски. На Владата, како што рече Мицкоски, и порачува дека него не го интересира пораката на Еди Рама, туку го интересира пораката на овие илјадници луѓе тука, а тоа е „не“ за последниот предлог. – Ќе почекаме, ако Европа не е подготвена да не прими нас цивилизираните Македонци, на цивилизиран и достоинствен начин, таму каде што ни е местото, а тоа е во Европа, ќе почекаме кога ќе дојдат луѓе кои го разбираат она што ние денеска сакаме да го кажеме. А тоа е Македонија пред и над се, македонскиот идентитет пред и над се, нагласи лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски. На овој голем сенароден протест нема политика, има само една партија, а тоа е Македонија, истакна лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски и додаде дека тука се луѓе од сите политички партии, но и оние што се неопределени, а кои изминатото деноноќие дадоа голем отпор и на социјалните медиуми, јавно, но и во друштво со своите сомисленици.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk