logo
logo
logo

Мицкоски на средба со Липавски: ВМРО-ДПМНЕ го црпи суверенитетот исклучиво од народот и затоа се потребни предвремени избори

Vecer | 07.02.2023

Мицкоски на средба со Липавски: ВМРО-ДПМНЕ го црпи суверенитетот исклучиво од народот и затоа се потребни предвремени избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, членовите на ИК Антонио Милошоски и Марија Митева, како и меѓународниот секретар Стефан Андоновски, денеска остварија средба со висока делегација на Чешката Република предводена од Јан Липавски, министер за надворешни работи, на која присуствуваше и амбасадорот на Чешката Република во Македонија, Јарослав Лудва. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во Македонија, како и прашањето за пристапување на Македонија кон Европската Унија, за кое што уште еднаш недвосмислено ги истакнавме нашите ставови и позиции за непромена на Уставот под бугарски диктат. Од страна на Мицкоски беше исто така потенцирано дека единствениот виновник за ситуацијата во која се наоѓа Македонија во моментов е владата на СДС, која ги прифати сите штетни договори и ја остави државата во чекалната на ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ даде уверување дека како партија, но и идна влада суверенитетот го црпиме исклучиво од народот и затоа се потребни предвремени избори на кои граѓаните ќе ни ја дадат довербата за која ќе работиме чесно и посветено, за да ја видиме Македонија напредна и просперитетна, вистински на патот кон ЕУ, информираат од партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk