„И тоа не е едноставно. Таа шанса нема да има привилегии. Таа шанса нема да биде убава шанса. Затоа што ако била убава немало да сте вие. Таа шанса нема да значи уживање. Туку многу работа, многу откажувања, многу мака, многу труд, многу храброст, многу одлучност, за да се обидеме да ја доведеме Македонија на некое пристојно место. Нема да биде лесно. Но, знам едно дека секој кој што ќе биде надвор од оваа рамка, секој оној кој што ќе ја изневери довербата на граѓаните, а е дел од нас, ќе биде веднаш санкциониран и отстранет од структурата од која што ја добила таа шанса. Затоа што образот нема цена, а достоинството на нашите сограѓани, нашиот македонски народ нема цена, не смееме да ги разочараме“, заклучи Мицкоски.