logo
logo
logo

Мицкоски до Спасовски: Ќе барам одговорност од Тошковски АКО ТОЈ НЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ВАС ЗА ВАШЕТО РАБОТЕЊЕ

Vecer | 31.10.2024

Мицкоски до Спасовски: Ќе барам одговорност од Тошковски АКО ТОЈ НЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ВАС ЗА ВАШЕТО РАБОТЕЊЕ

Бидејќи го споменавте Панче Тошковски, ќе барам одговорност за тоа што сте го правеле, тогаш ќе барам одговорност. Сега да зборуваме за работи кои немаат никаква врска со енергетиката, ниту со рударството. Ниту со минералните суровини. Знаевте кои фирми носат јаглен во РЕК Битола и Осломеј. Знаевте? Знаевте кои носеа транспортни траки во РЕК Битола. Требало како МВР да го истражите тоа, бидејќи стигаа информации до вас, стигаше гласот, ние како опозиција зборувавме, му порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски на Оливер Спасовски на денешната седница за поставување на пратенички прашања.

Еве два реда позади вас еден поранешен ваш член од вашата влада ќе ви каже, за работи кои немаат никаква врска. Тоа била ваша работа, се надевам дека повторно никогаш нема да ви биде бидејќи тоа што таму го направивте е полошо и од најголемиот дебакл, кои што и се случи на Македонија, додаде Мицкоски.

Мицкоски вели дека  СДСМ наместо да постапуваат, давале пасоши на светски нарко картели и лидери на такви нарко картели.

Зошто преку програмата за ФИТР се спонзорираа иновативни методи за креирање пица, вода за пиење, слично, кои носи јаглен, како се носи јагленот, кои врши ископ, како се врши ископ, зошто се плаќа вака, зошто ЕЛЕМ има најмногу договори во четири очи, тогаш ќе ви станело јасно, зошто денес имате 18 пратеника, а на следните избори, прашање е дали ќе имате двоцифрен број на пратеници, ако вака продолжите. Ваша работа била господине Спасовски да утврдите зошто фирми враќале данок на додадена вредност, пријавувајќи лажна консигнација, а празни магацини. Ваша работа било тоа господине Спасовски, не била моја. Ние како опозиција сме зборувале, немојте ова да го правите, немојте господине Спасовски, еве допрел до вас гласот, истражете, вие не сте го работеле тоа. Тоа е господине Спасовски ваша работ, изјави Мицкоски и додаде

 Ќе ви дојде господинот Пекер, да му кажете не благодарам, а не лична карта да му вадите во 11 часот навечер во Драчево. И оние службеници таму кои што преземаат дело заради вас, по две три години што беа во затвор за патни исправи на српски кланови и на македонски кланови, кои што се занимаваат со криминал и корупција. Вие господине Спасовски треба да одговарате за тоа. И ако за тоа нема одговорност, тогаш да ќе барам одговорност. Тоа е работата господине Спасовски за која вие треба да се грижите, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk