logo
logo
logo

Јанчев со програма од 180 проекти - Трговски центар, базен, зоолошка, обиколница, бесплатен оброк за ученици до петто одделение

Vecer | 27.09.2021

Јанчев со програма од 180 проекти - Трговски центар, базен, зоолошка, обиколница, бесплатен оброк за ученици до петто одделение

Денес започна изборната кампања за локалните избори кои треба да се оддржат на 17 октомври. Кандидатото на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Кавадарци, Митко Јанчев денес ја презентираше својата програма.

Јанчев е познат како најуспешен градоначалник во историјата на Македонија, а во неговиот мандат успеа да ја реализира својата програма во целост за две години.

Јанчев рече станува збор за развојна, иновативна и квалитетна програма, но пред се остварлива која содржи 180 проекти

Првиот проект кој би сакал да го издвојам е бесплатен оброк за сите ученици до петто одделение во Кавадарци, изјави Јанчев со што 1800 ученици ќе добиваат здрав оброк.

Вториот проект кој тој го презентираше е модерен трговски центар, кој би нудел содржини за млади, привлекување на брендови, маркети, угостителство.

Третиот проект е наменет за младите, родителите, нивните деца но и за сите граѓани. Во наредниот 4 годишен мандат ќе изградиме зоолошка градина, рече Јанчев во чиј склоп ќе функционираат стрелачки клуб, апарматани, детско катче, аквариум.

Четвриот проект го издвои затворениот базен, со модерни содржини, теретана, сквош терен и други содржини.

Петтиот проект е обиколница на Кавадарци која има за цел да го намали протокот на тешки моторни возила низ централниот дел на Кавадарци

-На почетокот на оваа кампања ја претставувам програмата со која повторно ја барам довербата од граѓаните на Кавадарци. Станува збор за развојна, иновативна, квалитетна, но пред се остварлива програма. Кавадарци за сите! Заокружи број 7!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk