logo
logo
logo

Митко Јанчев и Кавадарци ЌЕ ПОСТАВАТ СПОМЕНИЦИ НА 12-МЛАДИ СТРЕЛАНИ ВО ВАТАША

Vecer | 06.06.2023

Митко Јанчев и Кавадарци ЌЕ ПОСТАВАТ СПОМЕНИЦИ НА 12-МЛАДИ СТРЕЛАНИ ВО ВАТАША

Општина Кавадарци и градоначалникот Митко Јанчев донесоа одлука да се обноват сеќавањата и одаде почит на 12-те млади од округот на Кавадарци кои беа стрелани од фашистите за време на Втората светска војна. За таа цел од општината соопштија:

Ве известуваме дека во чест на 12 Ваташки младинци, во тек е изработка на 12 бисти кои ќе бидат претставени на 16 јуни, како и Спомен соба која ќе биде свечено отворена на денот кога се навршуваат 80 години, од смртта на нашите дванаесет младинци.

По тој повод на 16 јуни на местото на кое свирепо се стрелани дванаесетте млади животи, ќе има пригодна културна програма за достојно одбележување и оддавање почит за нивната храброст и непокорност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk