logo
logo
logo

Митева: Власта на чело со Ковачевски дала согласност за тарифникот на Катастар со кој се предвидува поскапување на услугите

Vecer | 27.11.2022

Митева: Власта на чело со Ковачевски дала согласност за тарифникот на Катастар со кој се предвидува поскапување на услугите

Власта на СДСМ е надвор од реалноста и од страдањата на овој народ кој едвај врзува крај со крај. Со тарифникот на Агенцијата за катастар на недвижности власта се обидува да ја спаси институцијата од банкрот, рече на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

- Сите информации со кои располагаме говорат дека поради недомаќинското работење на Катастарот истиот е доведен до состојба да не се знае дали ќе може да обезбедат плати за вработените. Со ваквиот тарифник сосема е јасно дека во голема мера се доведува во прашање рентабилноста и опстојувањето на Агенцијата за катастар на недвижности. Дали власта со ова енормно поскапување на услугите сака да го спаси Катастар од банкрот? Дали ова ќе биде уште една институција во низа која ја претворија во загубар?

СДСМ преку соопштенија се обидува да ја сокрие реалноста нарекувајќи ги фалични калкулациите и понижувајќи ги граѓаните. Единствено фалична и манипулативна е реакцијата на СДСМ, а вистината е дека изминативе 5 години потрошија 50 милиони евра од Буџетот на катастарот и уште 10 милиони евра донации, а нема никакви  реформи, напротив само нефункционалност на системот и поскапувања кои со СДСМ на власт станаа секојдневие.

Имено, ако досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари, или

-ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари, или

-ако имотен лист чинеше 180 денари, сега е 250 денари.

Ова почитувани, е листа на која се вметнати најчестите производи кои се користени од граѓаните и од нив може точно да се види за колкаво поскапување станува збор, рече Митева и додаде дека токму власта дала согласност за овој Тарифник.

- Токму власта на чело со Ковачевски дала согласност на седница на Влада за одобрување на овој Тарифник со кој се предвидува енормно поскапување на услугите. Оваа влада и Ковачевски очигледно имаат проблем со реалноста. Македонија е пред економски и социјален колапс поради лошите политики на нивната влада.

СДСМ нема пари кои се наменети за народот, СДСМ зема пари од народот, рече уште Митева.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk