logo
logo
logo

Митева: Проблемот со Бугарија го создаде Заев, тој ги стави идентитетот и јазикот на маса

Vecer | 12.05.2021

Митева: Проблемот со Бугарија го создаде Заев, тој ги стави идентитетот и јазикот на маса

Важно е да се знае дека Зоран Заев го создаде проблемот со Бугарија и тој треба да се тргне од преговарачката маса, за да може Македонија да се надева на датум за ЕУ., вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, ;арија Митева во Само Вистина на Канал 5

- Самиот договор со Бугарија има голем проблем со тоа што нема Бугарија никакви гаранции дека нема да го кочи патот на Република Македонија кон ЕУ. Второ, формирана е Комисија која што треба да одлучува за заедничката историја и токму сега го гледаме проблемот, каде што македонскиот идентитет и јазик се ставени на маса, нагласи Митева.

Митева истакна дека ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше  дека е можно да дојде до ваков проблем согласно нели договорот од Бугарија и дека Владата на СДСМ четири датуми ги дефинираше како датуми за почеток на преговори со ЕУ, а датум немаме.

-  Дури и успеав да ги издвојам, тоа се јуни 2018-тата година, 25 март 2019-та година, 30-ти април 2019-та година, и на 24-ти март вели – „Во исклучителен тежок момент за нашата држава за Европа и за целиот свет денес од Брисел ни пристигна убава и долгоочекувана вест, Република Македонија ги започнува преговорите за членство во ЕУ“, а денеска сме 12.05.2021 година и разговараме кои се проблемите и зошто Република Македонија не може да биде на патот кон ЕУ“, рече Митева.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk