Мисовски: Не сакам ни да помислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречи ЕУ-интегративниот процес

ВМРО-ДПМНЕ да ги надминат внатрешните несогласувања и да не го спречуваат ЕУ-интегративниот процес, порача потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски. Тој ги повика пратениците од опозицијата да гласаат за уставните измени.

„Не сакам да поверувам дека пратениците и раководството на ВМРО-ДПМНЕ ќе го спречат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Ако се случи да не помине гласањето, нема друга опција, преостануваат единствено избори“, рече Мисовски.

Тој не сакаше да коментира за можните притисоци врз пратениците. Според него тоа е работа на МВР и извршната власт.

„Исправени сме пред одлука која ја дефинира иднината на државата. Имаме обрска да го следиме гласот на оргомното мнозинство. Владинот предлог е достапен, се потврди дека не се губи ништо туку се зајакнува македонскиот идентитет. Одлуката да се гласа за уставните измени ги зацрстува територијалниот интегритет, државноста и грижата за малцинствата. За многу прашања жестоко сме се расправале, но за ЕУ и НАТО секогаш сме биле согласни“, додаде Мисовски.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари