logo
logo
logo

ВИДЕО

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со над 50 илјади гласа разлика

Vecer | 18.10.2021

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со над 50 илјади гласа разлика

ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со над 50 илјади гласа разлика. Убедлива победа во советите, истакна на прес-конференција Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот триумфираше на локалните избори. Победата им припаѓа и на младите и на старите, и на христијаните и на муслиманите, и на Македонците, и на Албанците, и на Турците, и на Србите, и на Бошњаците, и на Ромите, и на Власите, и на сите останати. И на работниците, и на земјоделците, и на докторите, и на просветните работници.

Залудни беа притисоците, поткупот, заплашувањата. Народот победи. Победи Македонија. Промените во Македонија се неминовни, затоа што Македонија ги победи поделбите, криминалот и безидејноста која ги создава власта на Зоран Заев. Тоа не го покажува само бројот на градоначалници кои се освоени во првиот круг и бројот на кандидати кои одат со водство во вториот круг, туку тоа го покажува и бројот на гласови освоени на советничките листи на ниво на државата.

Победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ под реден број 7, споредено со листата на советници на коалицијата предводена од СДСМ е над 50 илјади гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ над 50 илјади гласа разлика.

ВМРО-ДПМНЕ има освоено најголем број гласови на советнички листи во вкупно 40 општини. Во 40 општини имаме победи во советите.

ВМРО-ДПМНЕ има повеќе гласови на советнички листи од СДСМ освоено во вкупно 46 општини.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ има избрано градоначалници во првиот круг во 21 општина и тоа:

1. Аеродром;

2. Кисела Вода;

3. Сопиште;

4. Бутел;

5. Гази Баба;

6. Виница;

7. Зрновци;

8. Петровец;

9. Илинден;

10. Штип;

11. Карбинци;

12. Свети Николе;

13. Велес;

14. Градско;

15. Босилово;

16. Неготино;

17. Кавадарци;

18. Прилеп;

19. Могила;

20. Новаци;

21. Јегуновце;

И за кратко најверојатно ќе стигне и во прв круг победата во Ѓорче Петров.

Водиме во вториот круг во 12 општини

1. Македонски Брод;

2. Зелениково;

3. Чешиново Облешево;

4. Кратово;

5. Радовиш;

6. Василево;

7. Ново Село;

8. Битола;

9. Охрид;

10. Кичево;

11. Брвеница.

И го спомнав Ѓорче Петров што мислиме дека набрзо ќе биде разликата, односно се ќе биде завршено во првиот круг.

Но, дополнително на ова ВМРО-ДПМНЕ има убедлива победа на советничката листа за градот Скопје предводена од професорот Трајко Славески, а имаме и огромно водство на Данела Арсовска.

Почитувани, народот го порази Заев. Народот одбра иднина, народот избра промени, проекти и победи, наместо неспособност, неработење и криминал на власта предводена од Заев. Македонија е на чекор до конечна победа која ќе биде крунисана со детонизирање на ненародната власт на Заев. Оваа власт нема повеќе легитимитет и прашање на време е кога ќе биде целосно поразена. Да се обединиме до конечната победа. Волјата на народот е јасна. Македонија бара промени за подобра иднина на нас и на нашите идни генерации.

Ги повикувам сите, сите гласачи кои сакаат нешто да се промени и не поддржуваат, како и сите оние кои не се определија првично за нас, и оние кои што се разочарани од политиката. Ајде заедно да се обединиме време е да ги надминеме разликите да се мобилизираме и да се обединиме. Да покажеме слога во намерите да се направи нешто подобро. Потребни сме и сите заедно на Македонија, со поделби само други користат.

Потребни сме сите заедно да се бориме рамо до рамо и само така ќе успееме, сложно. Да покажеме дека самите сме господари над сопствените судбини и никој ја нема нашата волја во џеб за да си поигрува со нејзе, подвлече Мисајловски.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=wksfjBYTpQE&ab_channel=%D0%92%D0%9C%D0%A0%D0%9E-%D0%94%D0%9F%D0%9C%D0%9D%D0%95[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk