logo
logo
logo

Мисајловски: Владејачкото мнозинство денес ги одби сите предлог закони што ги доставивме

Vecer | 18.05.2021

Мисајловски: Владејачкото мнозинство денес ги одби сите  предлог закони што ги доставивме


Владејачкото мнозинство денес ги одби сите предлог закони што ги доставивме како пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и за основно образование, за здравствена заштита, за служба во армија и за тутун, соопшти потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„Владејачкото мнозинство денес ги обди предлог законите што ги доставивме како пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои се :

-Законот за основно образование со кој бараме предметот ИСТОРИЈАТА да биде посебен предмет.

-Законот за здравствена заштита со кој се предвидува рефундирање на разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на граѓаните кои се лекувале од КОВИД 19 во приватните болници. Дополнително, предложивме оние кои нема да можат да бидат примени во државна установа, да можат да отидат во приватна болница, каде ќе бидат лечени по цени, исти како и во државното здравство. Исто така, предложивме граѓаните со хронични и останати болести, кои повеќе од 60 дена се на листа на чекање за некоја операција или друга здравствена, дијагностичка и интервентна услуга во државното здравство, да можат да отидат во приватна болница, а услугата да ја платат по цена како во државното здравство.

-Предлог законот за служба во армијата за поголеми поволности, поголема опремнина како и подобри услови за пензионирање.

-Законот за тутун да им се помогне на тутунарите веднаш односно додека не се откупи целиот тутун произведен во Македонија да не смее да се врши увоз од други земји“,  соопшти Мисајловски на социјалните мрежи.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk