logo
logo
logo

Мисајловски: Трговецот Заев НЕМА ПРАВО ДА ГИ ПРОДАВА ИДЕНТИЕТОТ, НАЦИЈАТА, КУЛТУРАТА, ЈАЗИКОТ

Vecer | 08.06.2021

Мисајловски: Трговецот Заев НЕМА ПРАВО ДА ГИ ПРОДАВА ИДЕНТИЕТОТ, НАЦИЈАТА, КУЛТУРАТА, ЈАЗИКОТ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на протестот истакна дека се блокира поради тоа што се случува во позадина, за тоа што Заев и Бучковски го договараат и преговараат, а македонската јавност не знае ништо за тоа.

- Затоа сме ние тука на улиците да го кренеме гласот, да покаже што стои на масата, дали се преговара повторно за македонскиот идентитет, дали се преговара за нацијата, за културата за јазикот и каков е тој патока, договор или што и да е. Сите ние сме за Европската Унија, но има нешто што е поважно од се, а тоа Македонија, македонската држава, нацијата, граѓаните и се разбира идентитетот и јазикот, рече Мисајловски.

Тој истакна дека ако се транспарентна влада како што најавуваа нека излезат пред граѓаните да покажат што има во тој договор или патоказ.

- Ние ќе бидеме на улиците и во следните денови и очекуваме власта да каже дали во нивната дипломатска мисија повторно се става идентитетот, јазикот културата на маса за тргување и дали Заев повторно изигрува трговец поединец и судбината на сите граѓани, без да знае никој тој да ја определува и тој да биде судија, рече Мисајлоивски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk