logo
logo
logo

Мисајловски: Реформата за основно има цел децата да учат помалку за Македонија

Vecer | 09.03.2021

Мисајловски: Реформата за основно има цел децата да учат помалку за Македонија

Реформата за основно образование ќе биде нашите деца да учат помалку за Македонија, за војсководците, востанијата, двете светски војни и тие поинаку да се прикажуваат, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.

Мисајловски истакна дека власта сака да создаде нови генерации кои нема да си ја сакаат својата татковина, односно власта не сака новите генерации да бидат патриоти и за тоа почнува со вакви реформи од образованието.

- Историјата ја спојуваат како предмет и тоа значи дека многу сегменти од македонската историја нема да се изучуваат. Ја намалуваат содржината на сите работи кои сме ги изучувале во минатото. Дури се она што го има во химната која не потсетува на минатото сакаат да го сецкаат на делови, потенцира Мисајловски.

Во однос на секојдневните провокации од страна Бугарија, Мисајловски вели дека работа на власта и е да реагира, но очигледно не само што нема желба туку постои сомнеж дека сака да помогне на одредена политичка групација на тамошните избори.

- Владата не реагира и мораме ние како опозиција и како граѓани да реагираме, иако мора да реагира владата, но оваа власт ништо не прави ги нема за протестна нота да упатат, а можеби сакаат и да помогнат на некоја страна на изборите во Бугарија, нагласи Мисајловски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk