logo
logo
logo

Мисајловски: Пактови со мафија нема, прво ќе ве поразиме, а потоа ќе следува одговорност

Vecer | 07.03.2021

Мисајловски: Пактови со мафија нема, прво ќе ве поразиме, а потоа ќе следува одговорност

Провидна е играта на Зоран Заев и неговиот предлог за широка влада во која баш тој Заев ќе одбира кој ќе раководи со ВМРО-ДПМНЕ е тоа е најдобриот показател дека владата на Зоран Заев е разнишана, истакна на денешната прс-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Зоран Заев, по криминални и украдени избори, по злоупотреба на вонредна состојба, по извршен масовен поткуп, по притисоци, закани, уцени, по менување изборен законик на пет минути пред почеток на изборна кампања, во услови на пандемија, карантин, поделени пакети, по задолжувањето на државата за повеќе од една милијарда евра, јавно дава некаква понуда за заедничка влада.

Провидна е играта на Зоран Заев и неговиот предлог за широка влада во која баш тој Заев ќе одбира кој ќе раководи со ВМРО-ДПМНЕ е тоа е најдобриот показател дека владата на Зоран Заев е разнишана.

Овој негов предлог може единствено да се толкува како сламка на спас на кариерата на Зоран Заев и неколку луѓе околу него.

Предлогот за влада дојде само три дена откако лажно се храбреа со тенкото мнозинство, а веќе следниот ден немаше кворум за работа во Собранието.

Од вештачката радост за наводното стабилно мнозинство во Собранието за три дена стигна понуда за широка влада зошто Заев знае дека владата е на стаклени нозе и не може да функционира.

И Заев и СДСМ и сета јавност треба да знаат дека пактови со мафија нема, ниту пак ќе поддржиме. Прво ќе ве поразиме, а потоа ќе следува одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ единствено му должи на македонскиот народ, на граѓаните на Македонија, на активистите, симпатизерите што покажаа единство, цврстина, борба, жар, карактер, пркос, инает и пред се желба за подобра Македонија. И затоа се ќе сториме ним да им се оддолжиме и сите заедно да направиме влада која ќе биде сервис на граѓаните. Влада која ќе биде од народот за народот и никако поинаку.

А, овие од власта ако мислат дека има најмали шанси за пакт со криминална власт тоа верувајте дека нема да се случи. Ќе бидат победени, и тоа народе ви го ветуваме.

Македонската пролет доаѓа!, порача Мисајловски од денешната прес-конференција.

[embed]https://youtu.be/aV7eASzq8NM[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk