logo
logo
logo

Мисајловски: Овие луѓе кои ја однесоа Македонија во бездна, мора да ги тргнеме

Vecer | 26.02.2021

Мисајловски: Овие луѓе кои ја однесоа Македонија во бездна, мора да ги тргнеме

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски по посетата на граѓаните во општина Ѓорче Петров изјави дека системот во Македонија е на клиничка смрт и ништо не функционира.

– Кој систем, што функционира беспрекорно? Јас навистина ништо не знам. Овој систем во Македонија е на клиничка смрт, би рекол на апарати, бидејќи навистина ништо не функционира. Правда, навистина нема правда. Сето ова е циркус, сето ова е театар и уште еден збор ќе употребам си поигруваат со интелигенцијата на народот. Видовте што се случува овие неколку дена, срамно, жално, бедно да гледа секој ден граѓанин што се случува во државата, рече Мисајловски.

Мисајловски посочи дека нема да зборува само колку е се жалосно во Македонија затоа што граѓаните имаат избор.

– Изборот набрзо ќе дојде. Се разбира и на локалните избори работиме набрзо да има и предвремени парламентарни избори. Народе охрабри се излези и да ги пратиме во историја овие луѓе што ни го направија ова во Македонија, а тоа е поткуп, уцени, продавање на идентитетот на она што е македонско. Има само колапс во здравството, во правдата, во инфраструктурата, само тоа ни се случува. Затоа народе да се сплотиме сите заедно и да ги победиме и да ги тргнеме овие луѓе кои ја однесоа Македонија во бездна, кажа Мисајловски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk