Македонскиот идентитет, јазик и историја се поважни од сѐ, Заев веднаш да покаже каков е тој патоказ и дали повторно тргува со судбината на македонските граѓани, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешниот протест.

„Блокираме поради една причина – да кренеме свест, да го кренеме својот глас за тоа што се случува во позадина, за тоа што Заев и Бучковски го договараат и преговараат, а македонската јавност не знае ништо за тоа. Затоа сме ние тука на улиците да го кренеме гласот, да покаже што стои на масата, дали се преговара повторно за македонскиот идентитет, дали се преговара за нацијата, за културата за јазикот и каков е тој патока, договор или што и да е“, рече тој.

Ако се транспарентна влада како што најавуваа, додаде Мисајловски, нека излезат пред граѓаните да покажат што има во тој договор или патоказ.

„Ние ќе бидеме на улиците и во следните денови и очекуваме власта да каже дали во нивната дипломатска мисија повторно се става идентитетот, јазикот културата на маса за тргување и дали Заев повторно изигрува трговец поединец и судбината на сите граѓани, без да знае никој тој да ја определува и тој да биде судија“, рече Мисајловски.

makfax.com.mk