logo
logo
logo

Мисајловски: Фалсификат пасош од МВР добил и Валид Иса Хмаис од италијанската мафија

Vecer | 08.04.2021

Мисајловски: Фалсификат пасош од МВР добил и Валид Иса Хмаис од италијанската мафија

Дали македонски пасош издаден од МВР на Спасовски и Заев имал и еден од главните соработници на италијанската мафија, прашува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој на денешната прес конференција објави нови детали од аферата „Мафија“

Валид Иса Хмаис кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија на 09.01.2019 година во Скопје во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо роден 1965-тата година, рече Мисајловски.

Тој прашува дали е ова вистина или како што нарекуваат од СДСМ само перцепција?

- Валид од 2017-та година е во бегство во повеќе држави во светот, а по добивање на македонскиот пасош на име Таќо Вурмо, два пати во месец јануари 2019-та година го искористил македонскиот пасош и преку аеродром Петровец заминал за Турција. Според последните информации објавени во италијанските медиуми наводно се наоѓа на островската држава Маврвициус, објави Мисајловски.

Мисајловски потенцираше дека Македонија станала Колумбија на Балканот и дека не смее оваа афера да заврши со одговорност само на службеници.

- За аферата „Мафија“ морале да знаат и одговорните лица во МВР и Владата. Зашто нема никаква потерница по овие лица кои добиле легален македонски пасош со скриен или лажен идентитет. Мафијаши од ваков калибар влегувале во македонската полиција да се сликаат, и сакаат сега од владата на Заев и Спасовски да не уверат дека ниту еден полициски службеник не приметил дека станува збор за исклучително опасни луѓе?, прашува тој.

Воедно прашува и зашто МВР нема истрага за тоа дали отворале банкарски сметки?

- Зашто и по инсистирање на партнерските безбедносни служби Спасовски и МВР не превземале ништо за санкционирање на овој скандал и афера? Овие мафијаши плаќале пари за издавање на овие пасоши, каде завршиле тие пари? Едно е јасно, мафијата и власта биле едно исто. И затоа мора да има одговорност, нагласи Мисајловски

https://youtu.be/QJiSHNLW_Pk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk