Мировниот корпус со поддршка за развој на образованието

Американскиот мировен корпус во земјава и годинава ќа ангажира волонтери кои е предвидено да се вклучат во работата на основните и средните училишта во земјата, со цел придонес кон подобрувањето на квалитетот на наставата, особено на часовите по англиски јазик.

Ова беше истакнато на средбата помеѓу министерот за образование и наука, Арбер Адеми и Марк Хенфин, директорот на Мировениот корпус и Дејвид Рут, Програмскиот директор на Мировнит корпус за Македонија.

За време на разговорот, министерот Адеми истакна благодарност за досегашната соработка, но и задоволство што Мировниот корпус останува искрен партнер на Македонија во остварувањето на целите од националните стратешки документи, меѓу кои и Стратегијата за образование 2018 – 2025 година.

Мировниот Корпус е американска невладина организација посветена на светскиот мир и дружење. Организацијата работи преку волонтери кои две години живеат и работат во локалните заедници. Основана е во 1961 година од страна на претседателот Џон Ф. Кенеди.

Во изминатите 22 години, повеќе од 7.200 граѓани волонтери на САД ги спроведуваа принципите на Мировниот корпус во Република Македонија и даваа придонес во напорите за подобрување на состојбите во образованието, во развојот на дијалогот меѓу заедниците и промоцијата на државата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари