logo
logo
logo

Министерството за култура: Нема да навлегуваме во математиките на партиите

Vecer | 25.02.2021

Министерството за култура: Нема да навлегуваме во математиките на партиите


Министерството нема да навлегува во „математиките“ на партиите. Културата обединува, а не пресметува, реагираат од Министерството на прес – конференцијата на коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците.

„Фактот дека лани е направен долг од 3 милиони евра, на штета на културните работници и уметниците, доволно говори за ланската математика која била правена во Министерството, а сега е предмет на финансиската полиција“, велат од таму.

Министерството за култура, пишува во реакцијата, останува доследно на ставот дека основни критериуми според кои работеа комисиите одлучувајќи по пријавите за Годишниот конкурс беа: квалитетот на проектите, нивното значење за јавниот интерес во културата, нивната релевантност во животот на граѓаните, поддршка на автори од различни етнички заедници, стимулирање на креативни млади творци, на ранливи и маргинализирани групи, како и реално вреднување на трудот за да се заштити достоинството на авторот.

„Нашата земја е мултикултурна, вредност која сите заедно мора да ја негуваме и почитуваме“, се наведува во реакцијата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk