logo
logo
logo

ВМРО ДПМНЕ

Министерството на Филипче за модуларната болница одлучило да се користат леснозапаливи материјали

Vecer | 16.09.2021

Министерството на Филипче за модуларната болница одлучило да се користат леснозапаливи материјали

Венко Филипче да имаше барем грам доблест досега ќе поднесеше неотповиклива оставка за трагедијата во Тетово со 14 загинати пациенти. Но овој човек ниту има морал ниту има одговорност.

А токму Филипче и Министерството за здравство кое го раководи се најповикани за овој пожар на модуларната болница, бидејќи тие ја спровеле јавната набавка на монтажните болници во која се бара материјалот да биде од ПУР панели кои се најслабо огноотпорни. Лесно запаливите панели се причината поради која болницата изгоре за 2-3 минути, наместо 2 часа доколку беше градена од поквалитетни огноотпорни материјали. Ваквиот материјал не било барано да биде атестиран, дополнително немало технички прием на објектите, немало инспекциски извештај од Дирекцијата за заштита и спасување, немало апарати за противпожарна заштита, ниту систем за рана детекција на пожари, и редица други пропусти и грешки. Овие пропусти и грешки може да се клучни за трагичниот настан и евентуалната кривична одговорност која би уследила. Но за моралната одговорност на Филипче не е потребна експертиза и форензика. Таа треба да биде нормална доколку се работеше за нормален министер во нормална држава.

Вака со Филипче се уште на позицијата министер за здравство нема апсолутно никаква гаранција за кредибилна истрага, затоа што од позиција на моќ и власт може да се влијае врз процесот. Потребна е објективна истрага ослободена од Заев, Филипче и Хасани. Затоа оставки!, се вели во Соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk