logo
logo
logo

Министерство за транспорт: ВМРО-ДПМНЕ изнесува лажни информации за евтини политички поени

Vecer | 16.05.2021

Министерство за транспорт: ВМРО-ДПМНЕ изнесува лажни информации за евтини политички поени


Министерството за транспорт и врски реагира на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ и од таму ги отфрлаат како што велат сите невистинити информации и шпекулации искажани од страна на опозициската партија.

Мораме да потенцираме дека во ниту еден случај не се точни тврдењата искажани на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на јавните набавки за изградба на канализационен систем во Индустриската зона Визбегово како и во Арачиново, потенцираат од министерството за транспорт и врски.

„За вистинско информирање на јавноста, сакаме да истакнеме дека во однос на изградба на фекалната канализација за ИЗ Визбегово, јавниот повик е распишан на ден 04.10.2019 година и истиот е објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки. Склучен е договор на 17. 12. 2019 година и договорот е објавен на 23.12. 2019 година исто така на веб страната на Бирото за јавни набавки. Во однос на изградба на фекалната канализација за општина Арачиново, распишан е јавен повик на ден 01.10.2019 година и истиот е објавен јавно на веб страната на Бирото за јавни набавки. Договор е склучен на 10.12.2019 година и договорот е објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки на 19.12 2019 година“, стои во писмениот допис од министерството за транспорт.

Од оваа институција појаснуваат дека со ова, министерството за транспорт и врски постапило по член 70 од Законот за јавни набавки во кој било наведено дека Договорниот орган задолжително објавува известување за склучен договор на ЕСЈН во рок од десет дена по склучувањето на договорот во отворена постапка.

Во продолжение може да се погледнат јавните објави на Бирото за јавни набавки конкретно за двете јавни набавки, додаваат од министерството.

https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/986a29e0-69fc-4888-8dfd-5b6131453c16 https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/3fab5a54-ce10-45f7-b1ce-4d49bcf44e07/1 https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/e478d388-2e92-4ad9-8457-a072b7a672ef https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/dd76ceed-6b4c-4fd0-9728-67b0f16f6de8/1

„Ова само ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за аматеризмот и непрофесионалноста со кои се служат за евтини политички поени. Ги повикуваме од ВМРО-ДМПНЕ пред да објават било каква информација, доследно да ја проверат без да ја дезинформираат јавноста“, пишуваат од таму.

Министерството за транспорт и врски како и до сега и во иднина ќе работи исклучиво во рамките на Законите и законските прописи во Република Северна Македонија, се истакнува во писменото соопштение од оваа институција.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk