logo
logo
logo

Министерот за финансии НЕ ЗНАЕЛ дека владата ЌЕ ТРОШИ НА МОРСКИ ПЛОДОВИ И ОКТОПОД

Vecer | 23.09.2022

Министерот за финансии НЕ ЗНАЕЛ дека владата ЌЕ ТРОШИ НА МОРСКИ ПЛОДОВИ И ОКТОПОД

По објавите дека власта во време на криза ќе троши на морски плодови и октоподи, министерот за економија не знаел за набавката.

Фатмир Бесими немал информации за набавките на риба, октопод и морски плодови од страна на Владата

„Тоа што го прави секоја институција, е резултат на транспарентност, а сите нека зборуваат за што се работи, немам детали, сега слушам од вас, можете слободно да ги прашате надлежните институции“, рече Фатмир Бесими- министер за финансии.

Герман Филков од „Центарот за граѓанска комуникација“ вели дека институциите треба да бидат внимателни со трошењето на парите на граѓаните и добро да размислат дали во овие кризни услови навистина е потребно да го набават тоа што планирале.

Во три договори што Владата ги склучи со фирма од Скопје, вредни 20.500 евра, фирмата треба да ја снабдиВладата со свежа риба, октопод и морски плодови. Од Владата објаснија дека ќе платат онолку колку што ќе се потроши при посета на делегациите. Реагираа и опозициските партии во земјава

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk