Министерот Филипче на 71. Собрание на СЗО

Министерот за здравство, Венко Филипче од денеска заедно со македонската делегација учествува во работата на 71. Собрание на СЗО. Согласно агендата, за време на Собранието во Палатата на Нациите македонската делегација ќе има обраќање пред делегатите на тема “Здравје за сите: посветеност на универзална здравствена заштита”.

Министерот, како што соопштија од прес-службата на министерството, покрај учество во работата на Собранието, остварил средба и со генералниот директор на Австриското Федерално Министерство за здравство и женски прашања, Клеменс Мартин Ауер, како и со претставници од Глобален Фонд.

Попладнево македонската делегација ќе оствари средба и со регионална директорка на Светска здравствена организација за Европа, Сузана Јакаб, на која ќе разговараат за мисиите на СЗО кои беа спроведени до сега во Македонија и за мисиите кои се планирани за следниот период.

„Поддршката која ја добиваме од СЗО е од голема важност во остварување на глобалната цел – здравствени реформи и здравје за сите. Исто така министерот за здравство за време на Собранието ќе оствари и повеќе билатерални средби со министрите за здравство од целиот свет“, соопшти министерството.

Министерот вчера учествуваше на “Walk the Talk”, настан за подигнување на свеста за физичката активност и здравиот живот, со што беше најавено 71. Собрание на Светска Здравствена Организација.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари