logo
logo
logo

Министерката Шахпаска ќе учествува на Меѓународната конференција за демографска отпорност во Софија

Vecer | 30.11.2021

Министерката Шахпаска ќе учествува на Меѓународната конференција за демографска отпорност во Софија

Покрај Шахпаска, дел од македонската делегација ќе биде и Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, како и Ана Данева Маркова, претседателка на Комитетот за безбедно мајчинство.

Како што информира прес-службата на МТСП, на конференцијата насловена „Обликување на европската демографска иднина“, Шахпаска ќе говори за родовата еднаквост, како и за креирање и имплементирање на родово одговорни политики како клучен елемент во развојот на сеопфатен одговор на демографските промени. Министерката ќе оствари средба со бугарскиот вицепремиер за економски и социјални политики и министер за труд и социјална политика, Галаб Донев, како и со извршната директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), Наталија Канем и со Алана Армитаж, директорка на регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија. Конференцијата е во организација на бугарската Влада и Фондот за население на Обединетите нации

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk