Мини од Втора светска војна дислоцирани од централното подрачје на Крива Паланка

Дирекцијата за заштита и спасување, од локација блиску до центарот во Крива Паланка, во текот на вчерашниот ден (11. октомври), дислоцираше 4 парчиња минофрлачки мини од Втората светска војна, со калибар од 60 милиметри.

Како што информираат од дирекцијата, иако се соочуваат со лимитирани ресурси, продолжуваат најпрофесионално да ги извршуваат своите задачи за заштита на населението.

Акцијата во Крива Паланка била спроведена по претходна дојава од страна на тамошната полициската станица, а ја спровеле пиротехничарот Гоце Илиќ од Подрачното одделение за заштита и спасување – Куманово и неговиот помошник асистент, Тони Велиновски од Подрачното одделение за заштита и спасување – Крива Паланка.

Тие ги дислоцирале неексплодираните убојни средства, ги транспортирале и складирале во наменскиот магацин во кумановското село Проевци.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари