logo
logo
logo

Милошоски: Зошто СДСМ ГО НАЗНАЧИ КИРЕ ЧИПСИО ЗА КОМАНДИР покажа акцијата на ДЕА

Vecer | 12.04.2021

Милошоски: Зошто СДСМ ГО НАЗНАЧИ КИРЕ ЧИПСИО ЗА КОМАНДИР покажа акцијата на ДЕА

Кога МВР самостојно спроведува акции истите не се успешни бидејќи министерството нема доволен капацитет и во самото се инфилтрирани на важни позиции луѓе кои имаат соработка нарко групи, а кога има акции организирани од американската ДЕА, тогаш има ефикасна реализација и не може да им избега ниту командир кој е назначен од самата власт, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во „Филибастер“ на Радио Лидер, говорејќи за последните акции во Грчец и кај Прилеп.

- Во 2017 кога СДСМ го предлагаше командирот Кире Спиркоски Чипсио, ВМРО-ДПМНЕ и советниците укажаа дека тој не ги исполнува критериумите бидејќи има сомнителна диплома од Струга, но тогашниот  претседател на Совет, сегашен пратеник од СДСМ го бранеше како најдобро решение.  Гледате кој во Македонија отворено се залага за легализација на бизнисот со марихуана. Не зборуваме за употреба од поединец или масло од каннабис за медицински цели, туку за бизнисот. Луѓето кои најмногу го бранеле тој бизнис се Зоран Заев и Венко Филипче. Дури сакаа да го протнат со европско знаменце. Со самото тоа добивате одговор зошто Кире Чипсио бил командир во Прилеп, потенцира Милошоски.

Според него самото дејствување на Американскката агенција за борба против дрога ДЕА во Македонија покажува дека процениле дека македонските власти немаат капацитет да се борат против организираниот криминал со нарко трговија и ова е уште еден знак дека македонската влада ги има девалвирано институциите кои треба да се борат против криминалот,

Милошоски вели дека доказ дека МВР нема капацитет говорат двете акции во Грчец и кај Прилеп. Кога во Грчец сами МВР ја водеше акцијата им избегаа нарко босовите и не најдоа посебно количество на дрога, а кога ДЕА водеше акција таа заврши успешно.

- Полицијата и Обвинителството дадоа и големо име на акцијата во Грчец, „Планина“ се очекуваше дека ќе бидат фатени главните нарко босови, а за жал видоовме дека акцијата беше пробиена и со пријави завршија маргинални ликови, а главните се на слобода, а не беше ни запеленета голема количина на дрога.  Како споредба втората акција во Прилеп и околината главниот дел го воделе американски агенти од ДЕА, каде МВР била известена откако се било подговтвено, гледаме дека има ефикасна реализација, рече Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk